ЕкономијаСвет

Туризмот во Австрија се бори против пропаст

Туризмот во Австрија - Работник
79views

Иако австриските претпријатија од областа на туризмот до средината на мај би можеле потворно да ги отворат своите врати, ќе имаат недостаток на гости.

Домашните туристи нема да можат да го надополнат минусот, сметаат експертите.

Последните две децении австрскиот туризам забележал успешни години, бидејќи во текот на летото, обртот постојано растел и минатата година со 152 милиони ноќевања бил остварен нов рекорд.

Но, само 30 проценти од ноќевањата припаѓаат на домашните туристи.

Корона вирусот нанел голема штета на австрискиот туризам кој со околу 40 милијарди евра има значаен придноес во БДП -то на Австрија.

Странските гости подолго време ќе изостанат, пред се од градскиот туризам и Виена.

„Можно е уште само да се има надеж во домашните туристи, но и тука има многу отворени прашања“, укажал Оливер Фриц, експерт за туризам во економскиот институт „Вифо“

Тој навел дека многумина, поради рестриктвините мерки, биле принудени да земат одмор, други се пријавени на скратено работно време, а трети ја изгубиле работата, па можеби на лето повторно ќе работат, така да нема да можат да одат на одмор.

Друг негативен фактор е дека постојат загуби во приходите на сите класи на населението, што ќе остави многу малку средства за патување.

Покрај тоа, тој укажува дека на одмор се оди само кога се има чувство на сигурност.

„Само Германија, како наш главен пазар да се опорави и гостите од таа земја да дојдат, имаме шанси“, нагласува Петра Нокер – Шварценбахер, претседателка на секторот за туризам и хотелиерство во Стопанската комора на Австрија.

Многу претпријатија во туризмот ќе размислат дали воопшто повторно ќе отворат оваа сезона, бидејќи постојат фиксни трошоци и ако е полупразен објектот.

Фриц додаде дека никој не може да надомести за туристите од Азија кои оставале најмногу пари, а сега истите ќе бидат принудени да штедат.