ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Туризмот меѓу најпогодените гранки од Ковид 19

26views

Странски туристи летово во Македонија скоро и да немало.

Статистика изброи пад од дури 95% на посетата на странци во јули годинава. Додека пак бројот на ноќевања паднал за 93%, во споредба со истиот месец лани. Иако мал, но пад од скоро 5% има и кај домашниот туризам. Тој паднал за скоро 5%, додека пак бројот на ноќевања над 6 отсто.

Бројките се очекувани за директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски. Тој за Канал 5 вели дека оваа година поради состојбата со Корона вирусот фокус биле домашните туристи. Подобрување на состојбата очекува за следниот период.

Состојбата во секторот се уште е алармантна, тврдат туристичките работници. Владата најави дека до крајот на неделава ќе се објави и четвртиот пакет економски мерки, во кој спас гледаат и туристичките работници. Ана Марија Алексова апелира државата што побрзо да им помогне, во спротивно им се заканува колапс.

„Септември истекува…Ние очекуваме што побрзо да се вратиме во нормала…“-Ана Марија Алексова, туристички работник.

За спас на домашниот туризам пак, за граѓаните се делеа ваучери од 100 евра кои можат да ги искористат за летување во некои од домашните капацитети.

Извор: Банкометар