ЕкономијаМакедонија

Туристичкиот сектор незадоволен, бизнисот бара мерки и за март

160views

Недоволни и некорисни се владините мерки за спас на економијата, сметаат од најпогодениот сектор – туристичкиот. Прашуваат како да исплаќаат  плати до септември, за да ја  користат мерката државни плати за април и мај,  кога во моментов имаат нула приходи, а  ситуацијата нема да се промени до октомври.  Очекувале посебен сет мерки за овој сектор, каде работат 15,000 лица, кои  сезоната,  уште не почната, ја сметаат за пропадната.

Тоа е кога некој ви дава респиратор, за да ве одржи во живот и на 31 мај ви го зема, а знаете дека ќе ви треба до септември. Можам да кажам дека се некорисни овој сет мерки за нашиот сектор. Освен на угостителите , кои по 2 месеци знаат дека ќе отворат и ќе ги зачуваат работните места, изјави Влатко Сулев, Нацинална Асоцијација за туризам.

Пакетот мерки е со бројни недоречености и нејаснотии, кој може и кога да ја добие финансиката инјекција  за излез од кризата. На стопанството му треба многу повеќе, сметаат и од бизнис конфедерацијата

Државата да покаже дека се грижи,вистински се грижи  за бизнисот и да обезбеди мерки со поголема дарежливливост и мудрост, вели Миле  Бошков, Бизнис Конфедерација.

Од Бизнис Конфедерацијата предлагаат и март да влезе во сетот мерки, а фирмите во овој кризен период да се ослободат од плаќање  даноци и придонеси. Со исти барања и од  Организацијата Македонија 2025. Велат дека  Владата мора да носи побрзи, похрабри мерки, да одвои повеќе пари за помош на стопанството, да донесе посебен сет мерки за најпогодените сектори, и дополнителен пакет за останатите. Само со поголема финансиска помош, може побрзо да се излезе од кризата, велат од Македонија.

Извор: Сител