- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Туристичките агенции со ваучери и попусти ќе им надоместат на граѓаните кои пропуштиле уплатени аранжмани

Туристичките агенции - Работник
122views

Граѓаните да не стравуваат – парите за  уплатените аранжмани нема да им пропаднат. Туристичките агенции, согласно владината Уредба, се должни да им издадат ваучер на  истата вредност , кој може да го искористат до крајот на наредната година. Во моментов не се знае кога најрано би почнала летната сезона, но според неофицијални информации веќе од 1 јуни дел од хотелите во Грција ќе започнат со работа.

Туристичките агенции им нудат и опција на граѓаните кои порано уплатиле –  промотивниот попуст да го искористат и за летувањата во јули или август. Единствено невозможно е да им бидат вратени парите назад.

Туристичкиот сектор е еден од најпогодените од корона кризата. Угостителите веќе бројат загуби и тешко ја пребродуваат кризата. Понудениот пакет антикризни мерки нема да им помогне, покажало истражувањето на Сојузот на Стопанските комори. Дури 95% од угостителите сметаат дена не се задоволни од владината помош од 14,500 денари бруто плата, 93% не се задоволни што нема мерка за одложување на плаќањата на режиските трошоци, 90 отсто сметаат дека е неприфатливо што обврската за плаќање на ДДВ не  е одложена за 6 месеци

Воедно 70% од угостителите одговориле дека очекуваат дополнителна финансиска поддршка од страна на Владата по започнување со работа.По однос на тоа дали угостителите се подготвени да започнат со работа со половина од расположивите капацитети односно според најавата со скратено работно време и ограничен простор за работа,  59% одговориле потврдно дека се подготвени,  додека 41% дека не се подготвени за делумно функционирање.

Според истражувањето на Комората, доколку нема дополнителна владина помош, согласно  моменталната состојба на пазарот,  дури 40% од угостителите се изјасниле дека нема да продложат да работата во истатата дејност. Очекуваат од владата прецизни информации какви безбедносни  мерки треба  да преземат пред да почнат со работа, со цел  да ги заштитат гостите и вработените.

Извор: Сител

Advertisement
Advertisement