ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Туристичките работници бараат државата да обезбеди реална помош за туризмот

Туристичките работници - Работник
169views

Ваучерите за туризам се фрлање народни пари. Вака туристичките работници ја коментираат мерката на Владата со 100 евра да им помогне на граѓаните со ниски примања да отидат на одмор, но и да го поддржи домашниот туризам во услови на корона криза. Според познавачите, овие ваучери ниту ќе го поддржат туризмот, затоа што хотелите не можат да работат под цена, ниту пак овие лица со тие пари ќе можат да летуваат.

Според Јанвески, корона кризата го уништи туризмот, но Владата со мерките не помага за штетата да се намали. Со одлуката за странците кои транзитираат низ земјава да ја напуштат за пет часа, не ги задржуваме ни тие кои изминативе години останува по два три дена во земјава. Друго прашање е кој ќе сака да остане во земјава ако на сите мапи е означена со црвено заради големиот број новозаболени. Ако државата не најде начин вистински да го поддржи секторот, а не како досега со кредитирање, есента ќе значи клуч на врата за многу оператори.

Освен со ваучерите за туризам, Владата овој сектор го опфати и со мерката за поддршка за исплата на плати за работниците во висина од 14.500, како и со бескаматните кредити преку развојната банка.

Извор: Сител