- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Туристичките работници и угостителите од Охрид ќе се вакцинираат во Ниш

Во април земјава ја посетиле - Работник
154views

Вакцинацијата почна, но во догледно време туристичките работници нема да бидат ставени на приоритетните листи. Поради тоа најавуваат дека ќе одат на вакцинација во Србија. Од Хотелската асоцијација на Македонија, веќе добиле известување од Министерството за здравство, дека не се приоритет. Но, некои веќе се вакцинирале кај северниот сосед.

„Се одлучив поради тоа што сакам да се посветам на бизнисот. Јас како туристички работник чекам да ги посетам моите партнери во Азија, каде ме чекаат за склучување на договори за 2022 година… Ние без вакцинирање не можеме да бидеме безбедна туристичка држава за странски гости и мислам дека ќе останеме како црвена зона за сите туристички дестинации“, рече Филип Стефановски, туроператор.