- Advertisement -
Занимливости

Турција ги отвора хотелите на крајот на мај – Годинава нема да има „шведска маса“

354views

До крајот на мај, турските хотели, што ќе добијат „здравствен сертификат“, ќе почнат да ги отвораат вратите за гости. Ова го соопшти министерот за туризам и култура, Мехмет Ерсој, додавајќи дека годинава во хотелските понуди нема да има „шведска маса“.

Хотелите ќе бидат принудени да работат со половина од капацитетите. Ако хотелот располага со 500 соби, на пример, туристи ќе бидат сместени само во 250 од нив.

Услугата од типот „шведска маса“ или други видови на „оторени бифеа“ нема да се нудат, а наместо тоа туристите ќе добиваат богато мени и услуга по порачка.

Со цел зачувување на социјалната дистанца, во рестораните  и во сите угостителски објекти ќе биде намален бројот на масите. Строго ќе се почитува социјалната дистанца и на плажите и за таа цел, ќе биде намален бројот на лежалки.

Извор: Лидер

Advertisement