Македонија

Тутела: Промоција на првата збирка песни и раскази „БЗР од мали нозе“

Тутела: Промоција на првата збирка - Работник
273views

За првпат во РС Македонија, се промовира збирка на песни и раскази која тематски ја опфати областа безбедност и здравје при работа (БЗР). Збирка на литературни трудови изготвени од дечиња од прво до деветто одделение, ученици во основните училишта во Македонија. Збирка која ја разби класиката и монотионијата во областа. Збирка која се појави како продукт на искрена заложба за стручните Здруженија, напишаа од Здружението на инжинери за заштита Тутела.   

Со оваа збирка и творбите во неа, сакал некој да признае или не,се влезе во најискрениот дел од планетата земја, дел во кој детските рачиња преку пишан збор, покажаа што очекуваат од возрасните. Тие на детски едноствен начин, преку низа од песни и раскази, им укажаа на своите родители, дека секој ден, нестрпливо ги очекуваат живи и здрави да се вратат од нивните работни места.
Упатија низа пораки до сите чинители во областа, преку кои директно, недвосмислено и најискрено порачуваат, дека животот на работникот, родителот е поважен од се во овој свет. Порачаа дека безначајни се сите системи и концепти на БЗР, сите собири на кои само се констатира и објавува некоја статистика, се е безначајно, ако на работното место се изгуби здравјето или животот на нивниот родител.
На промоцијата присуствуваа претставници на сите чинители од областа БЗР, присутни беа претставник на Министерството за труд и социјална политика, претставник на Државниот инспекторат за труд, претседателката на Националниот совет за БЗР, претставник на Бирото за развој на образованието, претставник на Синдикалната организација, директори на основните училишта, наставници и ментори на учениците, претставници и членови на Здруженијата, како и најглавните , најмладите творци.

Пред повеке од 50 присутни, на почетокот се обратија организаторите на настанот, претставникот на Здружението за заштита при работа на општина Битола, г. Илче Богоевски, а после него се обрати претседателот на Здружението на инженери за заштита Тутела, г. Дејан Ангеловски.

Претседателот на ЗИЗ Тутела го искажа огромното задоволство, дека конечно дојдовме до крајот на овој проект, чиј финален продукт е збирката песни и раскази, нешто што во оваа област до сега се нема случено. Потенцираше дека со проектот БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ, трите Здруженија го сменија досегашниот начин на пристап во промоција на БЗР. Со овој проект, директно, преку најмладите се става акцент на областа БЗР. Збирката ви дава многу пораки, кои ако ги разберете и пренесете понатаму и самите вие ќе влијаете на подобрување на општата состојба на безбедност и здравје во државата.

По претставниците на организаторите, на присутните им се обрати претставникот на Министерството за труд и социјална политика, г. Горан Нешевски, кој истакна дека МТСП е за еден инклузивен концепт на вклученост на сите чинители на областа БЗР, а доказ за тоа се низата работилници кои до сега се организирани, на теми за измени, дополнување или носење на нови законски и подзаконски акти.

Следен кој им се обрати на присутните, беше претседателката на Националниот совет за БЗР, проф. д-р Јасмина Чалоска, која истакна дека и претставува чест што присуствува на настанот организиран по повод обележувањето на Европската недела за БЗР, особено се радува што со проектот БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ, се промовира културата на превенцијата за БЗР кај најмладите.

По обраќањето на официјалните претставници на државните институции, на присутните им се обратија директорката на ООУ Гоце Делчев од општина Илинден , како училиште со најмногу испратени творби на повикот БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ, а веднаш после неа самиот проект го објасни и наставничката од истото училиште г-ѓа Марија Стојчевска.

На настанот се обрати и г.Сашо Стојкоски, претставник на ЕВН Македонија, компанија која го поддржа печатењето на збирката песни и раскази ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ”.

Тој истакна дека ЕВН Македонија, како општествено одговорна фирма, во континуитет поддржува проекти кои позитивно влијаат на одредени состојби во државата и со самото тоа допринесувааат за нивен развој и унапредување.