ЕкономијаМакедонија

Угостителите незадоволни од одлуката на Владата, работодавачите очекуваат последици и во други сектори

77views

Угостителите револтирани. Велат иако првично мерката  за ограничување на работнот време беше најавено за повеќе економски оператори, на крајот владата одлучи забраната за работа по 23 часот важи само за нив. Сметаат  дека  не е во ред секогаш кога се носат мерки за превенција од вирусот да се нанесува штета единствено на угостителството.

Разочарани сме што дополнителната мерка која беше најавувана за сите економски оператори  дека ќе се ограничи работнот време до 23 часот Владата на последната седница сепак донесе одлука ваквата мерка да се однесува исклучиво за угостителската индустрија. Првото од серијата очекувани ограничувања на работнот време задава повторно нов удар на угостителите кој значително ќе влијаат на понатамошното работење, се вели во дописот од независниот синдикат на угостители.

Работодавачите сметаат дека со ограничувањето на работата на угостителите штета ќе претрпат и други сектори.

Свесни се за лошата епидемиолошка слика во земјава но сметаат дека владата при носењето на мерки за заштита од ширењето на заразата, треба да ја земе во предвид и економијата.

Од вчера угостителите имаат забрана за работа по 23 часот. Според податоците  пазарниот инспектора изврши над 400 тини  конроли низ целата земја, но не се утврдени прекршоци.

Извор: Сител