ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Угостителите против ограничувањата и правилата предвидени за недела како неработен ден

НУК: На повеќе угостителите - Работник
354views

Угостителите сметаат дека не смеат во ниту една варијанта да бидат опфатени во ограничувањата и начините предвидени за работа в недела и оттаму велат дека целокупната угостителска индустрија мора да биде изземена од иницијативите, недела да биде неработен ден, соопштија утринава од Независната угостителска комора.

Од комората потенцираат дека за нив не постои друго алтернативно решение, како што е најавено, со што дел од угостителите би можеле да работат и во недела со обезбедување дополнителни потврди или лиценци за нивна оправданост.

-Какво било ограничување со кое на дел од угостителите ќе им биде ограничено или условено работењето во кој било ден, не само недела, е дискриминација и деградација, истакна НУК во изјава за медиумите.

Комората ја поздрави и прифатената иницијатива на Владата и потребата од законско прогласување на недела за неработен ден, но велат дека за разлика од минатото кога семејните неделни ручеци, слави и веселби се правеле во домовите, денес тие многу често се прават во кафеани.