ЕкономијаМакедонија

Угостителите се подготвуваат за отворање на објектите следната недела

Угостителски објекти - Работник
230views

Растојание помеѓу масите од 2 метри или провидни панели за 1,5 метар оддалеченост на гостите едни од други. Најверојатно вака ќе функционираат угостителските објекти, но последниот збор треба да го каже Владата по предлог на Комисијата за заразни болести. Додека се прецизираат мерките за враќање на животот во нормала неофицијално во рестораните и кафетериите на маса ќе може да седат максимум 4 лица кои не мора да се роднини, туку на кафе или ручек можете да одите и со пријатели и познаници. Од понеделник угостителските објекти ќе ги отворат вратите за гостите, но министерот за здравство се уште не открива што содржат протоколите по кои ќе работат.

Угостителски објекти – Работник

Угостителите се подготвени, терасите се исчистени и наместени, ја чекаат само одлкуката на Владата за да почнат да работат.

Сопствениците на угостителски објекти сметаат дека нема потреба да се губат дополнителни денови.

-Веќе поминува најтешката криза секој ден има се помалку заразени и штета е секој дена да го губиме од убавите пролетни денови. Персоналот е подготвен, успеавме да го сочуваме целиот персонал и не би требало да трпиме нови загуби и штети, изјави Златко Васовски, угостител во Дебар Маало.

Во очекување дали полицискиот час ќе се укине пред завршување на вонредната состојба на средината на мај, денеска важат истите мерки како и минатата недела. Забрането е движењето од 19 до 5 часот, а во меѓувреме задолжително е носењето заштита на лицето на места каде не може да се држи растојание.

Извор: Сител