- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Угостителите чекаат препораки за почеток со работа, цените на услугите сигурно ќе поскапат, малите ресторани можно е да стават клуч

Угостителите - Работник
436views

Новите правила за работа ќе ги поскапе пијалоците и храната во угостителските објекти. Дел од угостителите велат дека со протоколот кои сеуште го немаат добиено, а по кој ќе мора да се водат за да може да ги отворат објектите ќе им се наметнат трошоци кои досега ги немале, а тоа директно ќе се одрази врз цените на услугите. Сеуште нема пресметка за тоа колку би било покачувањето, но сигурно е дека ќе има поместување.

Според она што досега е познато во јавноста, неизвесно е и дали со новите правила ќе можат да отворат малите објекти. Спорно е и работното време со кое им е дозволено да работат до 18 часот. Велат дека во тој период голем дел од луѓето се на работа. За нив протоколот е важен за рестартирање, но сметаат дека тој мора да се прилагоди на сите угостители.

Advertisement

Во текот на денешниот ден угостителите треба да имаат средба со Комисијата за заразни болести на која очекуваат да добијат конкретни насоки по кои треба да се водат.

Угостителите се најпогодените од кризата со пандемијата. Многу од нив беа принудени да отпуштат и дел од вработените, но сепак многу малку одлучија да ги искористат државните мерки за помош.

Advertisement

Извор: Сител

Advertisement