ЕкономијаМакедонија

Угоститителите ги отворија локалите под строги правила за растојание и служење

126views

Со многу нејаснотии околу протоколот за работа угостителите ги отворија вратите за гостите. На маса за четири лица ќе може да седат само членови на едно семејство, а ако не се, само по двајца. Оваа точка од протоколот ги збуни и угостителите и гостите. Меѓутоа, се уште е нејасно кој ќе легитимира и како ќе се врши проверка дали гостите навистина се од едно семејство, со оглед на тоа што угостителите велат тие не смеат да го прават тоа.

За угостителите е нејасно зошто не им е дозволено да ги отворат внатрешните делови од објектите, како и да организираат прославите, ако Владата веќе дозволи конференции и семинари да може да се одржуваат во затворен простор со неограничен број на  луѓе.

Кафанџиите од денеска со отворени врати ги пречекаа гостите. Според протоколот ќе работат до 22 часот. Персоналот и гостите мора да носат заштитна опрема, на масите постојано да има дезинфициенс, феновите за раце во тоалетите не смеат да се користат, ниту да се служат гости на шанк и високите маси.

Извор: Сител