- Advertisement -
Правда

Укинување на полицискиот час и отворање на границите предлага Комисијата за заразни болести

Укинување на полицискиот час - Работник
193views

По 42-часовниот карантин кој што траеше 11 часот во недела до 05 часот утринава Комисијата одлучила да и препорача на владата дека веќе нема потреба од рестриктивни мерки.

На утринскиот состанок членовите на Комисијата одлучиле да дадат препорака за укинување на полцисискиот час, меѓутоа дали тоа ќе биде од утре или од четврток останува да одлучи владата на попладневната седница.

Advertisement

Од Комисијата предлагаат и отворање на границите од 1 јуни, а не од 15 јуни како што беше нивната прва препорака. Тоа значи дека до 1 јуни ќе важи државниот карантин за сите оние наши граѓани кои доаѓаат од други земји.

Отворање на угостителскиоте објекти со работно време до 21 или 22 часот е последната препорака од Комисијата за заразни болести но тоа ќе зависи од попладневната седница на владата дали тоа ќе биде од утре или од четврток.

Advertisement

Извор: Сител

Advertisement