СветСветот на работникотСиндикат

Улицата на „црвените фенери“ во Амстердам доби зелено светло за отворање

88views

Улицата на „црвените фенери“ во Амстердам доби зелено светло да се отвори по нејзиното затворање поради коронавирусот, пренесува „Сандеј телеграф“. Премиерот на Холандија, Марк Руте, рече дека сексуалните работници можат да се вратат на работа од среда откако бројот на смртни случаи дневно од Ковид-19 во Холандија падна на едноцифрен број.

„Тоа е работа со контакти како фризер и масажер и затоа треба да прашуваат однапред дали клиентите имаат некакви симптоми“, предупреди Руте.

Синдикатот ги советувал сексуалните работници да се придржуваат кон строг протокол за безбедност, вклучително и носење латексни нараквици и маски за лице за да се заштитат себеси и своите клиенти.

Синдикатот на Црвената светлина исто така предлага да се избегнува бакнувањето, оралниот секс и да се нудат само позиции во кои не треба да се соочуваат лице в лице, пишува „Дејли мејл“.

Многу од сексуалните работници во земјата западнаа во финансиски проблеми поради строгиот режим наметнат поради коронавирусот кој почна на 16 март, по што беа затворени сите училишта, барови, ресторани, спортски сали и контактни професии како нивната.