- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Унија на работодавачи: Потребни се нови мерки за помош на бизнис секторот

Унија на работодавачи - Работник
33views

Неопходни се нови мерки за помош на бизнисите, бидејќи се заканува опасноста голем број на мали и средни претпријатија го прекинат работењето или да прејдат во сивата зона, бидејќи нема од каде да ги платата расходите, сметаат од Унијата на работодавачи Србија (УПС). 

„Државата со новите мерки покажува дека ја разбира таа опасност. Онаму каде што работите не одат според очекувањата, најавени се кредити од Фондот за развој. Барањата на многу сопственици на угостителски објекти се одбиени, а на дел од нив уште од април не им е стигнат одговор“, вели за Бизнис.рс, директорот на УПС Срџан Дробњаковиќ. 

Како што вели, државата од почетокот на ковид кризата покажува малку разбирање на состојбата во која се наоѓаат претпријатијата. 

Мерките кои ги презема, финансиски гледано, се сосема во рамките на она што се реални можности и тешко е да се бара повеќе од тоа, објаснува Дробњаковиќ и укажува дека најтешка е ситуацијата на малите и средните претпријатија. 

„Потсетувам дека обврските од минатата година се одложени, но сега тие треба да се платат. Старите договори со бизнис партнерите се завршени или се завршуваат, а новите бизнис аранжмани не можат да се направат поради ситуацијата во која цел свет се наоѓа. Ако гледаме секторски, најтешка состојба е во угостителството и туризмот, но и во другите гранки, како патниот сообраќај, се доста погодени“, наведува Дробњаковиќ. 

Тој вели дека поради целокупната ситуација предлогот на Унијата на работодавачи е државата, оваа година, да помогне на малите и средни компании со три минимални плати за вработените и ново одлагање на даноците и придонесите за шест месеци. 

„Тешка е ситуацијата во угостителството, па поради тоа Унијата на работодавачи покренува иницијатива да при доделувањето на државна помош со хотелите се изедначат и хостелите и етно куќите, како и другите угостителски објекти. Побаравме и да се намали закупот на пловни објекти кои се во државна сопственост, а кои ги закупуваат угостителите“, нагласува Дробњаковиќ. 

Advertisement