Правда

Усвоена нова Конвенција за насилство и вознемирување од страна на МОТ

Усвоена нова Конвенција - Работник
247views

Конференцијата на Меѓународната организација на труд усвои нова конвенција за насилство и вознемирување на работно место, заедно со пропратни препораки.

Конвенцијата за насилство и вознемирување, 2019 година и препораките за насилство и вознемирување беа усвоени од страна на делегатите на последниот ден од вековната Конференција на Меѓународната организација на труд, во Женева. За Конвенцијата, 439 гласови биле за, 7 против и 30 биле воздржани.

Конвенцијата препознава дека насилството и вознемирувањето на работно место „може да содржи кршење на човеково право или малтретирање, коешто е закана по еднаквите можности, е неприфатливо и не е компатибилно со достоинствената работа. Ги дефинира „насилството и вознемирувањето“ како однесувања, практики и закани „кои целат кон и резултираат со физичко, психичко, сексуално или економско наштетување“ Ги потсетува земјите членки дека имаат должност да ги промовираат „генералната околина и нулта толеранцијата“.

Новиот меѓународен трудов стандард има за цел да ги заштити работниците и работодавачите, без разлика на нивниот статус по договор за вработување. Ги вклучува и приправниците, работниците кои добиле отказ, волонтерите, барателите на работа и апликантите за работа. Истакнува дека и работодавачите можат да бидат подложни на насилство и вознемирување.

Целосниот текст можете да го прочитате тука