ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Усвоени законските измени, кога ќе стаса помошта за фирмите?

114views

Предлог Законот за државна помош за исплата на плати за последните три месеци од годината влезе во собраниска процедура. Доколку пратениците дадат зелено светло, секоја фирма која што од април до октомври има пад на приходите во споредба со истиот период од минатата година ќе може да аплицира за помош до 350 евра по вработен. Колку што се поголеми загубите, толку ќе бидат поголеми и државните субвенции. Ако сте во минус меѓу 30 и 40% ќе може да аплицирате за 14,500 по вработен додека за да добиете помош од над 21.000 денари ќе треба загубата да ви биде над 80%.
Од почетокот на идната година, Владата предлага намалување на ДДВ-то за угостителските објекти од 18 на 10%, а од обврската за плаќање на ДДВ ќе бидат ослободени фирмите кои ќе и донираат на државата. Меѓу измените кои ги најавува Владата се и замена на хартиените фактури со електронски.
Од Министерството за финансии велат дека со пониските даноци очекуваат поголем прилив на пари и во компаниите но и кај граѓаните.

Од опозицијата велат дека владините мерки се несуштински и доаѓаат премногу доцна.

Македонската економија е во длабок минус поради глобалната пандемија на корона вирусот. Проектираниот пад на економијата се движи меѓу 4 и 5% а долгот околу 60% од БДП. Само од почетокот на кризата бројот на невработени во Македонија се зголемил за над 43.000 лица.

Извор: Сител