- Advertisement -
Правда

Усвоени измени на законот за извршување

Усвоени измени на законот за извршување - Работник
192views

Денес е усвоена измената на Законот за извршување кое е одраз на реалната потреба за помош и поддршка на загрозените категории на лица кои се соочуваат со егзистенцијални проблеми, но и на социјално ранливите групи на лица, кои не по своја вина не се во можност да го намират своите долгови без да им се загрози егзистенцијата, не само лична, туку и на нивните семејства, известува министерката за правда Рената Дескоска.

„Со измените:
– целосно се иземаат од присилното извршување примањата на граѓани кои се корисници на гарантирана минимална помош од социјалната заштита, примањата на децата согласно Законот за заштита на децата, како и примањата за социјална сигурност на старите лица, согласно прописите за социјална сигурност на старите лица.

Advertisement

Дополнително со измените се намалува износот на максималната вредност која може да биде задржана односно се менуваат: ограничувањата на извршувањето и тоа од 1/3 на 1/5 од плата и пензијата за лицата приматели на просечна плата и пензија, надомест на трошоци за сместување на лице и надоместок за згрижување на згрижувачко семејство, како и за децата корисници на семејна пензија.

Примената на законските одредби се однесува и за веќе започнатите извршувања како поповолен закон за граѓаните.“ потенцира министерката Дескоска.

Advertisement
Advertisement