Правда

Обука за условите, вршењето и траењето на практиканската работа

Услови, вршење и траење на практиканската работа - Работник
201views

Претседателот на Асоцијација за правно – економски истражувања и едукација „Јуридика“, проф. д-р. Лазар Јовевски вчера учествуваше на обука во организација на Конто Профит – КПУ 3/2019, како предавач-излагач на темата практиканство, и Законот за практиканство. Проф. д-р. Лазар Јовевски на присутните им пренесе од практичен аспект неколку клучни точки од новиот закон, како и за примената на практиканството во праксата кај работодавачите. Темите на кои зборуваше беа: услови за вршење на практиканската работа, обврска за огласување на потребата од практикант, траење на практикантската работа, број на ангажирани практиканти кај еден работодавач, висина на надоместок кај практикантската работа, висина на придонесите од задолжително социјално осигурување и пресметка на ДЛД, начин на пополнување на МПИН пресметка од страна на работодавачот, пресметка на надомест за практикантска работа, права и обврски на практикантот и работодавачот, договор за практикантска работа, и прекршочните одредби, се вели во фејбук статусот на Јуридика.