- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Успешни компании и во криза

ЛИСТА НА 10 НАЈЗАДОЛЖЕНИ - Работник
480views

Минатата година беше една од најтешките за автомобилската индустрија во светот. Влијанието на пандемијата во овој сектор се почуствува два месеци пред појавата на Ковид-19 на европско тло, бидеќи електрониката што се користи доаѓа од Кина. Ваквата состојба не ги одмина компаниите кои што произведуваат автомобилски компоненти во нашата држава. Сепак, иако не го исполнија планираното, дел од нив остварија подобри резултати отколку во 2019-та година…

Бранот од пандемијата автомобилската индустрија најмногу го почуствува во април и мај минатата година кога Европа беше целосно затворена, а крајните добавувачи на електроника од Кина минимално или воопшто не работеа. Поради тоа во одреден период продажбата на автомобили се намали дури за над 80 проценти. Сепак и во такви услови компанијата која функционира во Охрид, а чиј генерален менаџер е Виктор Мизо имаше зголемување на извозот и обртот за 60 проценти во споредба со 2 019-тата, зголемен беше обемот на производството со нови линии и над 320 вработувања. Извозот беше 50 милиони евра што беше за 20 проценти помалку од планираното.

„Оваа година планираме да го дуплираме производството во споредба со минатата година. За прв пат ќе имаме извоз над 100 милиони евра. Гледаќи ги првите два месеци одиме според планот. Ќе вработиме дополнителни над 250 луѓе од она со кое ја завршивме бројката минатата година и ќе имаме околу 1.050 вработени до крајот на годината“, изјави Виктор Мизо- генерален менаџер.

Проширувањето на лепезата на производи и новите клиенти од калиброт на Јагуар, Ландровер, Ролс-Ројс и Ауди, но и специфичните и многу софистицирани технолошки производи за електричните возила на Фолксваген групацијата се нови аути на компанијата.

„Минатата година започнавме тест производство , а некаде на почетокот на мај сериско производство. Оваа година започнуваме каде што производот навистина ќе се користи во најнапредните возила фолксваген кој во моментот директно конкурира со Тесла за едно предимство и лидерство во светот на електрични возила“, вели Мизо.

Планираме да соработуваме со што е можно повеќе локални добавувачи, вели Мизо. Со еден од Охрид веќе соработуваме, а се работи на менторски програми и со други компании од целата држава што ќе придонесе за економски развој и нови вработувања.

Извор: МРТ