Правда

Учениците се’ почесто се изложени на булинг во училиштата

Учениците се почесто се изложени на булинг во училиштата-работник
896views

Во училишните клупи и дворови, помеѓу часовите, на големите одмори, но и надвор од образовните установи – пцуење, тепање, понижување и потсмев од своите врсници доживеале голем број на ученици во македонските училишта. Насилството помеѓу врсниците е секојдневна појава, но малку се зборува на оваа тема. Ученици пред камерата на ТВ24 говорат за булингот во нивните училишта.

– „Па има во секое училиште, ќе му речат на некој ученик да дојде после училиште, се собираат и се тепаат. Обично е надвор од училиштето, бидејќи доколку е во училиштето ќе интервенира обезбедувањето. Се собираат повеќе деца и со голи раце се тепаат“ – Ученик во основно училиште.

Насилството помеѓу учениците ретко кога го забележуваат наставниците и психолозите, обично тие се вклучуваат во решавањето на проблемот откако ситуацијата ќе ескалира, велат учениците со кои разговараше нашата екипа.

– „Сметам дека професорите додека проблемот не стане голем, не го забележуваат како нешто многу битно, бидејќи мислам дека сметаат дека доста нормална појава е булингот, мислат дека поминуваме низ пубертет низ таков период и го гледаат како нешто не многу опасно, иако јас мислам дека е многу опасно“ – Невенка Павловска.

Учениците кои се жртви на насилство од своите врсници може да имаат сериозни и долготрајни последици врз нивното психичко, но и физичко здравје. Во најлош случаj долготрајниот булинг може да заврши и со самоубиство на жртвите, потенцираат од младинскиот образовен форум. Колку побрзо се спречи злоупотребувањето, толку е подобро за жртвата, но од младинскиот обраовен форум сметаат дека системот не знае да го препознае булингот и дека надлежните реагираат кога веќе е предоцна-објави 24 вести.

Целосната објава можете да ја прочитате тука