Правда

Училиштата во Флорида ќе треба да воведат петочасовна едукација по ментално здравје

Училиштата во Флорида - Работник
164views

Департментот за образование на Флорида, САД  ја одобри мерката која ќе бара едукација за менталното здравје на сите ученици од шесто до дванаесетто одделение. Сеуште не се знае кога планот ќе се имплементира, но познато дека едукацијата за ментално здравје ќе треба да се одржува по пет часа неделно. Оваа едукација ќе зафати теми, од сајбер – вознемирувањето до превенција на самоубиства, со цел да се оттргне стигмата за менталното растројство. Планот е основан од страна на Првата Дама на Флорида, Кејси Десантис која бараше големи образовани реформи низ цела Флорида, заедно со нејзиниот сопруг, Рик Дисантис.

Ова е последниот чекор во серијата на чекори дизајнирани да им го пружат на учениците, она што очајно им треба, а во голема мера не го добиле. Асоцијацијата на менталното здравје на децата вели дека 1 на 5 деца се ментално или емотивно растроени, но 50 проценти од децата на возраст од 6 до 17 години не добиваат поддршка или помош во училиштата.

Новата иницијатива на Флорида е последна во серијата на национални напори за справување со менталното здравје на учениците. Порано оваа година, двајца од учениците кои преживеаја во оружената престрелка во училиштето Паркланд извршиле самоубиство, што ги принуди креаторите на закони да повикаат на поголемо финансирање за едукацијата за менталното здравје на учениците. Слични предлози имало во целата држава, откако училишните вооружени престрелки продолжија да растат.

Едно од барањата кои беа приложени од страна на просветните работници во Лос Анџелес, за време на нивниот штрајк во јануари оваа година, беше училиштата да ангажираат еден психијатар, социјален работник или советник за ментално здравје за секои 500 ученици. Просветните работници од Лос Анџелес рекоа дека виделе драматичен пораст на ученици кои страдаат од широк спектар на проблеми. И на другите штрајкови ширум земјата се споменаа барањата за зголемена ментална едукација на учениците, како една од промени кои им се потребни.