Занимливости

Училиште во Ирска ги замени домашните задачи со добри гестови во текот на декември

Училиште во Ирска ги замени домашните задачи со добри гестови во текот на декември-Работник
169views

Сите ние имаме моќ да го шириме празничниот дух и чекор по чекор, можеме да направиме значителна промена. За време на сезоната на подарување, учениците од ирското училиште, Гелскол Милхел Уш Чолелеин, уникатно ќе ја шират Божиќната радост.

Во текот на декември, наместо домашна задача, од учениците се бара да вршат гестови на љубезност кон своите роднини и заедницата. Нивните добри дела ќе бидат напишани во така наречениот „Дневник на љубезност“ на дневна основа и ќе бидат потпишани од нивните родители.

Оваа практика трае последните три години и секоја година има поинаква тема. Минатата година, учениците практикуваа благодарност и го документираа во „Дневникот за благодарност“.