- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникот

Уште една држава дозволила отпуштање на НЕВАКЦИНИРАНИ работници

Уште една држава - Работник
572views

Парламнетот на Еремнија усвоил закон кој ќе им овозможи на работодавачите да ги отпуштаат работниците кои одбиваат да пружат доказ за вакцинација против коронавирусот или негативен резултат од тест. 

Ерменија има една од најниските стапки на вакцинација во регионот на Кавказ, а новиот закон доаѓа по августовската наредба на Министерството за здравство да вработените на секои две недели на работодавачите им доставуваат докази за вакциација или негативен ПЦР тест, за да не бидат казнети. 

Владата навела дека работодавачот, кога работникот нема да приложи потврда за вакцинација или негативен тест, има право да го оддалечи од работното место, да му ја суспендира платата и да го отпушти, ако отсуствувал од работа, од таа причина десет работни денови. 

Новиот Закон не се однесува на Претседателот на државата, Премиерот, членовите на парламентот, омбудсман, судиите од Уставниот суд и други бројни функционери. 

Ерменија започнала кампања за масовна вакцинација во април, а властите планираат да вакцинираат 700,000 од 2,9 милиони жители до крајот на годината. 

Меѓутоа, до 6 декември потполно биле вакцинирани 516,989 граѓани. 

Извор: Beta

Фото: Pixbay