Уште една земја ќе тестира четиридневна работна недела
Шестмесечната програма ќе им овозможи на компаниите да работат 32 часа неделно, а притоа надоместоците и бенефициите за вработените да останат непроменети
Пробата за четиридневната работна недела во Велика Британија ќе започне во јуни, а во неа ќе учествуваат 30-тина компании кои досега се пријавиле. Шестмесечната програма ќе им овозможи на компаниите да работат 32 часа неделно, а притоа надоместоците и бенефициите за вработените да останат непроменети.
Компаниите може да бараат од вработените да прераспределат 32 часа работа на пет дена.
– Истражувањата покажаа дека продуктивноста се подобрува, а и работниците се чувствуваат подобро – посочи тој.Пробата во Обединетото Кралство е една од неколкуте слични што ги применува „4 Day Week Global“ низ светот, со цел работната недела да биде пократка.
Слични програми треба да започнат и во САД и Ирска, а се планира оваа програма да се тестира и во Канада, Австралија и Нов Зеланд, рече Рајл.
Програмата ќе им помогне на компаниите да се оддалечат од едноставно мерење на времето колку долго луѓето биле „на работа“, а наспроти тоа поголем фокус да стават на исходот од нивната работа“, рече Џо О’Конор, менаџер на кампањата.
Извор – Вработување.мк
Фото – Pxhere