СветСветот на работникотСиндикат

Уште стотина работници на „Алуминиј“ останале без работа

Уште стотина работници - Работник
81views

Независниот синдикат на вработените во Алуминиј ги повикал претставниците на властите во Босна и Херцеговина и претставниците на Република Хрватска да преземат чекори за спасување на оваа фабрика.

Синдикатот наведува дека во БиХ ништо конкретно не се работи за повторно стартување на Алуминиј полни четири месеци по гасењето на неговите погони, а многу им било ветено. На Алуминиј поради долгови од 400 милиони конвертибилни марки му беше исклучена струјата на 10 јули оваа година. Од тогаш компанијата изгубила повеќе од 500 работници.

На стотици работници во мостарскиот Алуминиј, вчера беше последниот работен ден. За продолжување со работа потребни се инвестиции.

Од 900 работници, 380 останале вработени по гасењето на комбинатот на 10 јули. Тие зеле намалени додатоци, припремајќи ја фабриката за потенцијален инвеститор, додека членовите на Надзорниот одбор, добиле полни додатоци, а притоа не направиле ништо. Според нив сите потфрлиле, од сопственикот, преку владејачките структури, до истражните тела.

Од синдикатот немале информации за состанокот на раководството на комбинатот со Претседателот на ХДЗ. Информацијата ја потврдил Човиќ, велејќи дека има интерес од страна на инвеститорите, но конкретни одговори се очекуваат следната недела.

Одговор на приговорите уште нема. Во меѓувреме се почесто се споменува и стечај како една од опциите, што според некои од работниците значи дека судбината на Алуминиј е запечатена, пишува Н1.