Правда

УЈП и Трудовиот инспекторат ќе проверуваат злоупотреби на минималната плата

УЈП и Трудовиот инспекторат - Работник
138views

Директорката на УЈП Сања Лукаревска вчера на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање како ќе се спречат евентуални злоупотреби при исплатата на зголемена минимална плата, што почнува од овој месец, информира дека до УЈП и претходниот период, а претпоставува и сега ќе стигнуваат анонимни пријави или пријави на кои се имаат потпишано работници кои се соочуваат со ваков проблем.

– Секогаш ние тие пријави ги доставуваме на понатамошно постапување од страна на Државниот трудов инспекторат. Ние постапуваме во нашиот дел во рамки на даночната област, но трудовиот инспекторат треба да утврди на лице место дали има какви било злоупотреби, рече Лукаревска.

Таа изрази очекување дека во наредниот период ќе имаат повеќе консултации и со трудовиот инспекторат со цел работниците да ги остваруваат своите загарантирани права.

Извор: Сител