ЕкономијаМакедонијаНовости

УЈП: Компаниите и самостојните вршители на дејност да поднесуваат барања за поддршка на платите

УЈП - Работник
120views

Врз основа на Закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Covid-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година („Службен весник на РСМ“, бр.267/2020),за остварување на правото работодавачот поднесува Барање за финансиска поддршка за исплата на платите на работниците (образец БФП-ИП/2) за секој месец поединечно, до Управата за јавни приходи.Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-Даноци најдоцна до 10-ти во месецот за претходниот месец, а комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 3 дена од денот на доставувањето на барањето.
Начинот на пополнување на Барањето за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците октомври, ноември и декември 2020 година (образец БФП-ИП/2) е составен дел на барањето, односно е појаснет во Упатството за пополнување, соопштија од Управата за јавни приходи. 

Од таму соопштија дека согласно Закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Covid-19, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година („Службен весник на РСМ“, бр.267/2020), физичките лица кои вршат самостојна дејност (трговец поединец, лице кое врши земјоделска, занаетчиска дејност и лице кое врши услуги, кое остварува доход од вршење дејност и е запишано во соодветен регистар) погодени од здравствено – економската криза, под одредени услови, имаат можност да користат финансиска поддршка во износ од 17.410 денари месечно, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.
За остварување на правото, физичкото лице кое врши самостојна дејност поднесува Барање за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства на физички лица кои вршат самостојна дејност образец БФС-СВД/2 до Управата за јавни приходи.

Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-Персонален данок – опција Доход од вршење самостојна дејност до 10-ти во месецот за претходниот месец, а комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 3 дена од денот на доставувањето на барањето.
Доколку барателот е физичко лице кое врши самостојна дејност и се оданочува според утврден годишен паушален нето доход и нема кориснички профил во е-Даноци, за да може да го поднесе барањето треба да се најави на системот е-Персонален данок со корисничкото име и лозинка кои ги користи како физичко лице. Доколку не е корисник ниту на системот е-Персонален данок, за да може да поднесе барање БФС-СВД/2 треба да се регистрира како корисник на системот е-Персонален данок.  , посочија од УЈП. 

Имено,  до петок ќе се пролонгира рокот за фирмите кои сакаат да добијат државна помош за исплата на плати, пренесе Сител.