ЕкономијаМакедонија

УЈП од денеска со работно време од 9 до 12 часот

УЈП - Работник
35views

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници дека од среда 08.04.2020 година приемот на странки во Регионални дирекции/одделенија/шалтери ќе биде од 09:00 до 12:00 часот.

Оваа промена е согласно Одлуката за утврдување на распоред на работното време во Владата на Република Северна Македонија, министерствата и другите органи на државната управа објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“, бр.92 /2020 од 06/04/2020, и воведување на забрана на движењето за сите граѓани на ниво на целата територија на Република Северна Македонија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.

Управата за јавни приходи апелира даночните обврзници наместо да доаѓаат лично во Управата за јавни приходи, да ги користат електронските услуги е-Даноциe-Персонален данокМојДДВkontaktcentar.ujp.gov.mk