- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Фабрика им сопирала рати за кредит, а не ги уплаќала во банка, работници на црвена листа должници

Фабрика им сопирала рати за кредит - Работник
738views

Поранешна голема фабрика им сопирала рати за кредит, а не ги уплаќала во банка, 135 некогашни  работници се нашле на црвена листа должници. Проблемот се провлекува веќе 17  години, заглавен во лавиринт. Ова го потврдуваат дел од некогашните вработени во неготински индустриски капацитет, кои се чувствуваат како заложници. Според нив, вкупната  штета што им е нанесена, изнесува над 300 илјади евра. Грабеж е ова, коментираат. Обвинителството дека работи на случајот.

– Првпат во животот, зедов кредит од 180 илјади денари. Во септември 2003 година. Веќе во декември, од банката ми  реагираа дека доцнам со исплатата на ратите. Бев информиран дека за нередовноста ми тече затезна камата. И пишав на банката дека ми се појавија проблеми во врска со исплаќањето на потрошувачкиот кредит. Дека редовно земав плата и согласно на административна забрана, фабриката ми сопираше рата за кредит, но не и плаќала на банката. Предложив да се смени начинот на плаќање на кредитот,  па банката сама да си ги сопира парите врз основа на траен налог. Иако веќе го исплатив кредитот, поради тоа што фабриката не ги уплатила парите, банката се уште ме задолжуваше со основица од околу 100 илјади денари. Дека сум на своевидна црвена  листа на должници, сфатив кога отидов во штедилница, со намера да и бидам жирант на колешка. Ми рекоа, не може, имаш незатворен долг. Сега, сите банки бегаат од мене, што се вели. Дури и сопругата не може да земе кредит. Треба да се разведе од мене, па да може да земе кредит, револтиран е работник, кој  за МИА кажува  дека има документи дека редовно му се сопирани ратите за кредит на платата.

Advertisement

Повеќе прочитајте на сител.мк

Advertisement
Advertisement