- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Фабриките ќе работат во време на полицискиот час со посебни дозволи за вработените

Фабриките ќе работат - Работник
1.3Kviews

Владата на 36-та седница, одржана на 6 април 2020 година, покрај усвоените заклучоци, мерки и препораки во функција на преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста КОВИД-19 (коронавирус), заклучи дека економските оператори што работат во прва смена треба да го организираат работниот процес согласно забраната и посебниот режим на движење, а производствените капацитети кои работат и во втора, трета и четврта смена да го организираат својот начин на работа како и до сега, со издадени дозволи за движење од страна на работодавачот согласно пропишаниот образец.

Производствените погони, фабрики и транспорт ќе продолжат да функционираат и во време на полицискиот час којшто од утре 8 април почнува од 16:00 часот и ќе трае до 5:00 часот следното утро секој работен ден, како и за време на викенд (од петок од 16:00 часот до понеделник до 5:00 часот).

Advertisement

Повеќе прочитајте на весник.мк

Advertisement

Advertisement
Advertisement