ЕкономијаСвет

Фаза 2: Ангажирани најдобрите експерти за рестартирање на Италија

Ангажирани најдобрите експерти - Работник
105views

Италијанскиот премиер Џузепе Конте формирал група на суперменаџери кои треба да проучат како повторно да ја стартуваат земјата во тн. фаза 2.

Фазата 2 ќе започне по завршувањето на вонредната ситуација предзвикана од пандемијата на вирусот Ковид – 19.

На чело на групата е Виторио Колао кој десет години бил генрален директор на Водофон и еден од најзаслужените за раст на мултинационалниот колос на мобилната телефонија.

Групата на суперменаџери е составена од експерти од различни профили, многумина од нив жени, а сите членови зад себе имаат успешни работни и академски кариери во Италија и странство.

Се работи за група на правници, економисти, психолози, статистичари и други експерти од различни профили, чија задача е да проучат и да предложат иновативни модели за развој по вонредната ситуација, а кои според зборовите на Конте „го земаат во предвид квалитетот на животот“.

Во работната група е и познатиот економист Енрико Џовани, долгогодишен главен статистичар во ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој). Како некогашен министер во Владата на Италија бил автор на таканаречниот „редито ди инклузионе“ кој прераснал во „редито ди цитадинанза“, минимално примање за оние кои немаат работа, ниту друг извор на заработка.

Во групата на супер мозоци е и професорката по бизнис администрација на Харвард Бизнис скул, Рафаела Садун и економскиот експерт Мариана Мазукато, професорка по економија и иновации на „Универзити Колеџ Лондон“ (УЦЛ).

На пописот на оние кои повторно треба да ја стартуваат Италија се наоѓа и Филомена Маџино, статистичар по струка, задолжена во актуелната италијанска влада за изработка на стратегија за сеопфатен проект „ права на најдобар можен живот“.