ЕкономијаМакедонија

Фактор – Анѓушев: Државните административци во моите фирми би земале поголема плата

Државните административци во моите фирми - Работник
270views

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на новинарско прашање одговори дека со најавената владина реформа би вработел државни административци во неговите компании и тие таму би добивале поголема плата.

Анѓушев вели дека кај него тие би добивале многу подобри услови – двојно поголема плата, обука и преквалификација.

„Зема 16, 17 или 18 илјади бидејќи толку се платите и доколку сака да се преквалификува тој во приватна фирма ќе добие плата од 25 до 30 илјади денари и се разбира тоа ќе го направам“ изјави Анѓушев, пренесува Алфа ТВ. 

Извор: Фактор