ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

ФАКТОР: Нови 2.239 невработени минатиот месец поради Ковид-кризата

ФАКТОР: Нови 2.239- Работник
63views

За еден месец бројот на отпушени поради корона кризата се зголемил за 2.239 лица, евидентира Агенцијата за вработување за периодот од 31 август до 30 септември. Тоа значи дека од март од кога започна пандемијата во земјава, па се до крајот на септември, откази добиле вкупно 14.818 лица, објави Фактор.

-Во Агенцијата за вработување со состојба на  30.09.2020 година по основ на прилив од работен однос евидентирани се 14.819 невработени лица, за кои престанокот, односно одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот после 11.03.2020 година, односно во период на кризата предизвикана од ковид 19, се вели во објавата од Агенцијата за вработување.

Кон крајот на август годинава, бројот на останати граѓани без работа изнесуваше 12.580 граѓани. Бројот на отпуштањата особено се зголеми откако престанаа да важат мерките за помош на фирмите за плати на вработените.

Целиот текст прочитајте го на Фактор