ЕкономијаМакедонија

Фактор: Преку сопствен бизнис до намалување на невработеноста кај младите

Преку сопствен бизнис - Работник - Работник
187views

Според податоците на Европската канцеларија за статистика – Еуростат, стапката на невработеност на млади лица од 15 до 29 години во Северна Македонија е со стабилен тренд на намалување. Според нив, процентот на невработеност кај младите се намалил од 45.2% во 2013 до 36.9% во 2018. Иако трендот е позитивен, сепак стапките се доста под просекот на Европската Унија каде во 2018, 11.5%. млади се регистрирани како невработени.

Според скорешни истражувања направени во земјава, младите најмногу сакаат да работат во јавниот сектор. Како една од причините за тоа е сигурноста на работното место, платата и слободното време. Сепак, според Иле Митковски, директор на Агенцијата за поддршка на претприемништвото, еден од начините за намалување на невработеноста кај младите, кој дава и дополнителна вредност е самовработувањето, односно отворањето на сопствен бизнис, пишува Фактор.

Целосниот текст можете да го прочитате тука