Колумни

Фалењето со туѓи дела не е израз на социјален дијалог

   Време за читање 5 минути

Автор: Бобан Илијевски

Министерството за труд и социјална политика и нивниот подобен партнер, Сојузот на синдикати на Македонија во петокот едногласно рекоа дека во Македонија имало социјален дијалог… Мислам, да дојде некој што поим нема од оваа проблематика, од прва ќе му стане јасно дека тоа не е воопшто точно, а не пак некој кој има подлабоко знаење околу прашањата со социјалниот дијалог, синдикатите, работничките права, работодавачите… Социјален дијалог во Македонија нема, а добар показетел за тоа е Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС која, за да и ги исполни барањата мораше да организира протести и штрајкови. Ми беше потребно само еднаш да излезам на протест со нив за да почувствувам како е тоа. Замислете, февруари месец 2019 година, Кичево, грч ладно, но сепак налив на луѓе кои излегоа за да го искажат својот револот или пак јули месец во Скопје, на тие пеколни четиресет степени, работниците повторно излегоа да го побараат она што законски им следува. Ова ви наликува на социјален дијалог?

Ако има социјален дијалог, како што се пофалија од ССМ дека потпишале колективни договори во култура , детска заштита, образование , здравство , одбраната ајде нека кажат кои од напоменатите успеси се нивни, колку тие потпишале или пак вистината е дека КСС и неговите грански синдикати со континуиран притисок низ протести и штрајкови успејаа да го подобрат социоекономскиот статус на вработените во овие дејности.

Ако има како што велат тие, зашто тогаш Светската Конфедерација на синдикати најавува специјална мисија во Македонија која е втора земја во Европа по Украина затоа што се вративме назад, затоа што во 21 век се бориме за основните човекови права и слободата на здружување. Во индексот за глобални работнички права за 2019 година, на горенаведената организација, нашата држава се наоаѓа на листата на земји каде што постојано се кршат работничките права, заедно со уште неколку држави од „третиот свет“, односно од Африка. Е, на тој начин нема да влеземе во Европска Унија.

Што е со економско социјалниот совет?  Тој стана невидлив, а одлуките кои ги носи се без потребниот кворум. Наместо да ги вклучи сите социјални партнери, на него се носат одлуки кои им одговараат само на одредени луѓе.

Направија тотален хаос, а се уште не се свесни за тоа дека доказ за нефункционирањето на социјалниот дијалог се изјавите и барањата на текстилниот кластер за зголемување на работните саати, за неисплаќање на храна и превоз за зголемување на нормите, но истите одземајќи го правото на преговори со популистички мерки, а секако ССМ мора да ги брани , несвесно виткајќи ја кичмата не убедуваат дека тоа е во ред, а всушност ја изгубија улогата за која се формирани и сега се само потпароли на Владата во нивните популистички мерки. Ако не е така нека кажат кој нивен предлог е прифатен и за што се договориле или пак можеби немале предлози?

Нека кажат кој закон од сферата на работничките права е донесен, што е унапредено, или глумат инклузивност со невладини организациии кои селективно се одбрани по принципот финансирани од средства на буџетот.

Колку што знаеме ССМ на чело со нивниот претседател потпишува само анекси на колективни со кој се уназадуваат правата на работниците , во водовод Скопје и неколку комунални пртпријатија регресот се намали за неколку пати и не само за оваа година туку и за три години или пак не знаат дека стекнатото право не може да се одземе.

Колку протести или штрајкови во знак на солидарност подржаа или пак претседателот на ССМ јавно на медиуми даде изјава дека го подржува протестот на КСС како и што доликува на еден синдикалец.

Дали се применуваат колективните договори, дали се применуваат законите, секако за ССМ се е во ред иако работниците гласно говорат за условите во кој работат, а кои патем се сеуште на многу ниско ниво.

Еднаш засекогаш треба да запре овој раздор и синдикатите треба да имаат заедничка цел. Тоа не мора да значи дека секогаш треба да се приклучуваат кон одредени активности, туку доволно е јавно да дадат поддршка.

Борбата за работничките права продолжува и во 2020 година, останува само да се види колку од оние чија доложнст е ќе застанат на вистинската страна – страната на македонскиот работник.

Ставовите изразени во колумната во ниеден случај не ги изразуваат официјалните ставови на порталот Работник.