ПравдаСветСиндикат

Федерациите на новинари бараат итно дејствување од страна на ЕУ за непречена истрага во убиството на новинарката од Малта

Новинарските Федерации - Работник
146views

Меѓународната и Европската Федерација на новинари (ИФЈ/ЕФЈ) заедно со другите меѓународни организации, вклучувајќи ја и Европската Конфедерација на синдикати – ЕТУК ги повикуваат Европските лидери да го осудат Премиерот на Малта, Џосеф Мускат за политичко мешање во истрагата за убиството на новинарката Дафне Каруана Гализија.

Тие бараат од лидерите на Европската унија да го повикаат Премиерот Мускат да гарантира дека сите истраги и правни процеси поврзани со убиството на Дафне Каруана Гализија ќе се спроведат ефективно, транспаретно и без мешање на индивидуи кои потенцијално се вмешани во случајот.

Според организациите, скорешните развивања на истрагата покажале дека Премиерот Мускат е поврзан со неколку од осомичените во случајот. Јорген Фенеч, поранешен лидер на „Електрогас Малта“, енергетската компанија признал дека бил посредник во убиството, но го обвинил поранешниот шеф на кабинетот на Премиерот, Кит Шембри за тоа дека тој го наредил убиствтото. Од таму велат дека Фенеч дели обемни финансиски интереси со Шембри, како и со Министерот на кабинетот, Конард Мизи преку 17 Блек – Шел компанија формирана од страна на Фенеч за да овозможи „поддршка“ за двајцата. Понатамошните информации приложени во судот сугерираат дека и други членови на персоналот од кабинетот на Премиерот можеби се инволвирани, вклучувајќи и еден од неговите пронашени телохранители.

Тие истакнуваат дека покрај овие нови обвинувања, премиерот Мускат постојано се става во центарот на истрагата, дејствувајќи како главен извор на информации во однос на нејзиниот напредок, вклучувајќи дали помилувањата ќе им бидат дадени на осомничените во замена за докази. Полицискиот комесар и јавниот правобранител отсуствуваа од комуникациите со јавноста и печатот.

Институциите на ЕУ веќе изразија загриженост. На 3 декември, Европскиот комесар за вредности и транспарентност, Вира Јурови, во телефонски повик побара од министерот за правда Овен Боничниќ, истрагата да биде донесена до заклучок без никакво политичко мешање.

Мисијата во Малта минатата недела од страна на членовите на Европскиот парламент откри дека Премиерот „претставува ризик, реален или перцепиран, за [интегритетот на истрагата за убиството“. Мисијата исто така препорача Европската комисија „да се вклучи во правило дијалог на законот “со Малта со надеж дека ќе се реши проблемот со надлежните органи – чекор направен пред да се разгледаат можните процедури за прекршување.

Нашите организации сега ги повикуваат водачите на Европската унија да го повикаат премиерот Мускат да гарантира дека сите истраги и правни постапки ќе бидат спроведени непристрасно, навремено и ефикасно, и без никакво вмешување или влијание воопшто од која било индивидуа која е потенцијално вмешана во случајот, велат од двете Федерации.