ЗанимливостиНаука

Фејсбук го отстрани видеото на Трамп за коронавирусот, Твитер го блокираше профилот на TeamTrump

Фејсбук го отстрани видеото на Трамп за коронавирусот - Работник
119views

Популарната социјална мрежа Фејсбук отстрани видео во кое американскиот претседател Доналд Трамп вели дека децата се „скоро имуни на ковид-19“, со образложение дека ги прекршила правилата на компанијата против ширење дезинформации за коронавирусот.

„Тоа видео содржи лажни тврдења за наводниот имунитет на одредена група кон ковид-19, што претставува повреда на нашата политика насочена против ширење дезинформации за таа болест“, рече портпаролот на Фејсбук.

Ова е првпат тие да го отстранат соопштението на Трамп поради дезинформации за коронавирусот.

Социјалната мрежа Твитер забрани на изборниот штаб на претседателот Трамп да продолжи да испраќа пораки на Твитер од неговиот профил (TeamTrump) сè додека не го повлече контроверзното видео.

„Оваа порака на Твитер ги крши регулативите за дезинформација на Твитер во врска со ковид-19. Сопственикот на сметката треба да ја повлече таа порака пред да може повторно да биде активен“, рече портпаролот на групата од Калифорнија.

Се чини дека изборниот штаб на Трамп се прилагоди на барањата на Твитер затоа што нивниот профил беше активен уште синоќа, а видеото исчезна, пренесува Агенс Франс-Прес.

Контроверзното видео го покажа американскиот претседател објаснувајќи за време на разговорот за „Фокс њуз“ дека децата се „скоро целосно“ имуни на вирусот корона заради нивната возраст.

„Претседателот рече само еден факт дека децата се поподложни на добивање на вирусот корона отколку кај возрасните“, рече Кортни Парела, портпарол на изборниот штаб на Трамп.

„Тоа е уште еден доказ дека Силиконската долина е пристрасна против претседателот. Регулативите се применуваат само во една насока. Социјалните мрежи не се извор на вистината“, рече таа. Републиканците редовно ги прекоруваат Фејсбук, Твитер, ЈуТјуб затоа што ги цензурираат и ја поддржуваат спротивната страна и тие се многу активни во кампањата преку тие мрежи.

Доналд Трамп има повеќе од 80 милиони следбеници на Твитер

Демократите, од друга страна, веруваат дека Фејсбук не ги ограничува содржините доволно строго, особено оние поврзани со дезинформации и поттикнување на омраза.

Извор: rs.n1info.com