ПравдаСветСиндикат

Филипини: Владата врши репресија врз синдикалците

Филипини - Работник
36views

Меѓународната Конфедерација на синдикати го осуди новиот бран на полициски напади врз филипинските синдикалци. Офанзивата била започната кога полицијата симултано извршила рација на три локации на организации на човекови права и синдикати, во кои уапсила 57 членови на синдикатите и граѓанските организации. Нападите сеуште се во тек.    

На 31 октомври, автобуските работници држеле синдикален состанок во градот Баколод, главниот град на провинцијата Негрос Оксидентал, кога во зградата била извршена рација. На други места во градот, на нишан од пиштол биле држени осум луѓе, вклучувајќи и четири деца. Очевидците рекле дека не униформирани мажи влегле во објектот и подметнале оружје. Сите 43 возрасни кои биле уапсени биле обвинети за илегално поседување на оружје.

Рациите сеуште траат, со што повеќе синдикалци можат да бидат цел во часовите и деновите коишто доаѓаат. Соочени со злоупотребата на моќта, синдикалците преземаат претпазливи мерки за да ги чуваат своите членови.

„Правејќи се дека не го одобрува криминалот, оваа влада ги таргетира бранителите на човечките и синдикалните права како дел од намерната политичка стратегија која се заснова на притисок врз слободите на луѓето“, рече Генералниот Секретар на ИТУК, Шаран Бароу.