Филипче очекува позитивен исход во однос на коронавирусот
Време за читање помалку од минута
Министерот за здравство Венко Филипче вечерва соопшти дека искрено верува оти ќе има позитивно сценарио во однос на коронавирусот во нашата држава.
– Искрено верувам. Тоа е впрочем и целта на сите овие мерки – намалување на социјалните контакти и комуникацијата со луѓето, ограничувањето во движењето, тоа се со цел да се намали комуникацијата е нешто за што веќе во светот има позитивни примери, односно дека само тие мерки доведуваат до тоа да бројот на зболени се намали. Во одредени региони на Италија, во регионот на Вухан. Токму после воведување на вакви радикални мерки веќе има денови кога нема нови пациенти. Така што искрено се надевам дека сето ова ќе даде резултат, рече Филипче, објави ТВ 21.
Целосниот текст прочитајте го тука
Latest posts by Портал Работник (see all)
- Боинг укинува 17.000 работни места и ја одложува испораката на 777X - 13/10/2024
- Неделков: Колективните договори ќе се потпишат најдоцна до 20 февруари, платите кумулативно ќе се зголемат за околу 50 % - 12/10/2024
- Мицкоски: Платите на наставниците и професорите се зголемуваат за 5 проценти со октомвриската плата, до крајот на мандатот ќе пораснат за 46 проценти - 12/10/2024