- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Филипче: Се работи на план за организација на производствените капацитети по враќањето во нормала

Филипче: Се работи - Работник
97views

Министерот за здравство, Венко Филипче во утринската програма на Сител телевизија истана дека работна група на експерти од Комисијата за заразни болести и стопанските комори работат на тоа како ќе се организираат производствените капацитети и малите бизнисни по враќањето во нормала.

„Рано е да се зборува за започнување на градинките и училиштата, бидејќи и тоа е еден систем кој бара реорганизација на работата, односно на бројот на ученицит во училиштата нивната распределба во училници како и за дечињата во занималните во градинките. Сега сме се уште фокусирани на очекување на максималниот број на пациенти. Тогаш кога оној фактор ќе падне под единица, бројот на пациенти ќе почне да се намалува ќе почнат и другите мерки“, изјави Филипче.

Advertisement