ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Финансиска поддршка на работодавачите за родители на деца до 10 години кои се ослободени од работа

Финансиска поддршка - Работник
637views

Владата на денешната 81 седница донесе заклучок за разгледување на можноста да се обезбеди финансиска поддршка за работодавачите со помош на Фондот за здравствено осигурвање или преку нов пакет на економски мерки, за родителите на деца кои се запишани во училиште и се до 10 – годишна возраст, кои се ослободени од работа преку користење на донесените мерки од страна на Владата, имајќи во предвид дека истите ќе продолжат да бидат ослободени од работа и работни обврски доколку нивните деца следат настава со физичко присуство, или пак, настава преку далечина (онлајн), соопшти владината прес – служба. 

Дополнително, како што се посочува, Владата ги задолжи министерствата за труд и социјална политика, за образование и наука и за информатичко општество и администрација, да ги разгледаат можностите да се предвиди и извршување на работа со скратено работно време или работа во смена за оваа категорија на лица кои во овој момент се ослободени од извршување на работа и работни активности со физичко присуство на работното место.