- Advertisement -
ЕкономијаСветСветот на работникот

Финската премиерка предложила кратење на работното време на шест часа

Финската премиерка - Работник
124views

Финската премиерка Сана Марин предложила скратување на осумчасовното работно време, тврдејќи дека пократкото работно време би можело да овозможи поголема продуктивност. 

Марин која заговарала шестчасовно работно време и пред да стане премиерка, мора во тоа да ги убеди другите четири партии во својата коалиција доколку сака да ја истурка таа реформа, во време кога невработеноста поради пандемијата од Ковид – 19, расте. 

Advertisement

„Ни треба јасна визија и конкретни чекори за тоа како Финска би можела да воведе скратено работно време, а финските работодавачи подобри услови за работа“, рекла 34 – годишната премиерка која во неделата била избрана за претседателка на својата Социјалдемократска партија. 

Марин, една од најмладите премиерки на светот, ја води финската влада од левиот центар од декември 2019 година, откако еден член на коалицијата го присилил нејзиниот претходник Антија Ринеа да поднесе оставка. 

Advertisement
Advertisement

Заедно со Ринеа кој до недела бил претседател на партијата, Марин Владата ја свртела кон лево, зголемувајќи ги пензиите и укинувајќи некои од мерките на штедење на претходната влада. 

Марин рекла дека пократкото работно време би можело да стане реалност доколку се зголеми продуктивноста и се утврди дека не е во расчекор со посилните јавни финансии или владината цел да се зголеми стапката на вработеност од сегашните 73,5 на 75 %.  

Партијата во понеделникот го отфлила предлогот за експериментирање со шестчасовното работно време, усвојувајќи цел работното време да се скрати или да се овозможи флексибилност на работното место. 

Advertisement