СветСиндикат

Финска: Водечкиот образовен настан ги повикува просветните работници ширум светот

Финска: Водечкиот образовен настан - Работник
65views

Образовниот синдикат од Финска (ОАЈ) ги повикува сите просветни работници на 25 годишнина на Едука и нејзината прва меѓународна програма на англиски на 24 и 25 јануари во Хелсинки, објави Меѓународната Федерација на синдикати од образование – ЕИ на својата веб страна.

Едука е водечки настан во образовниот и тренинг секторот во скандинавските земји. Секоја година, на овој настан доаѓаат 20,000 посетители и 350 излагачи. Во 2020 година ќе биде претставен нов меѓународен сегмент, дозволувајќи им на меѓународните професионалци да научат повеќе за образовниот екосистем во Финска, неговите иновативни практики, како и да научат за глобалните трендови во образованието.

Поканувајќи ги сите просветни работници да учествуваат на настанот, Оли Лукаинен, Претседател на ОАЈ рече: „За прв пат оваа година изданието на Едука ќе опфати меѓународна програма. Ова е голема прилика да се сретнат едукаторите и колегите од целиот свет и да ги споделат нашите искуства и идеи и да учат еден од друг. Ви посакуваме добредојде во Хелсинки“.

На дискусиите на овој настан ќе учествуваат финскиот Министер за образование Ли Андресон, финската Министерка за наука и култура Хана Косонен, Претседателот на синдикатот за образование на Финска, Лукаинен, како и Генералниот Директор на финската национална агенција Оли – Пека Хеиноне.