ЕкономијаСветСветот на работникот

Финска: Татковците ќе добијат ист број на денови за породилно отсуство како и мајките

Финска: Татковците ќе добијат - Работник
162views

Новата финска влада највила планови со кои двјацата родители ќе добијат исто породилно отсуство. Целта е татковците да поминат повеќе време со своите деца.

Платеното отсуство ќе се зголеми на комбинирани 14 месеци, односно по 164 дена за секој, пишува Би – Би – Си.

Соседната Шведска е најдобродушна во Европа кога е во прашање продилното отсуство бидејќи родителите добиваат по 240 слободни денови по раѓањето на детето.

Финска рекла дека сака да ја промовира благосостојбата и рамноправнста на половите.

Министерката за здравство и социјални права Аино – Каиса Пеконен рекла дека започнала радикалната реформа на семејните бенефиции со цел зајакнување на родителските односи од почеток.

Според моменталниот систем во Финска, продилното отсуство за мајките трае 4,2 месеци додека татковците имаат 2,2 месеци кои можат да ги искористат додека нивното дете не наполни две години. Додататните шест месеци можат да ги поделат. Но, во просек само еден на четворица татковци го користат ова право.

Според новиот план, секој од родителите добил 6,6 месеци на отсуство, а трудниците би добиле додатни месеци. На родителите би им било дозволено да ги пренесат своите 69 дена, самохраните родители можат да ги користат и двете отсуства, пренесува Кликс.

Професорката од Универзитетот во Осло која го водела нордиското истражување за родителското отсуство, за Би – Би – Си рекла дека нордиските земји се на пат на давање на права на татковците кои не можат да бидат пренесени на мајките.

И ЕУ оди во тој правец со директивата од 2019 година која на државите членки им дава три години за да на секој родител му овозможат најмалку четри месеци отсуство, вклучувајќи два месеци кои можат да бидат пренесени.

Португалија веќе има родово неутрален систем со 120 дена отсуство во текот на кои им се исплаќа полна плата и имаат додатни 30 необврзни денови во текот на кои им се исплатува 80 отсто од платите.

Татковците во Данска имаат две недели отсуство по раѓањето на детето, а мајките и татковците можат да поделат по 32 недели.

Владата на Финска рекла дека овие промени ќе ги чинат дополнителни 100 милиони евра.

УНИЦЕФ во својот последен извештај ги пофалил Шведска, Норвешка, Исланд, Естонија и Португалија како земји кои имаат најдобри семејни закони.