ФИРМАТА ЗЕЛА ПОМОШ ОД ДРЖАВАТА, А УПРАВАТА ДЕЛИ МИЛИОНСКИ БОНУСИ

Членовите на Управниот одбор на авиокомапнијата Луфтханза ќе добијат по неколку милиони евра бонуси за 2021 и 2022 година, и покрај тоа што на компанијата ѝ била исплаќана државна помош во текот на пандемијата.

Надзорниот одбор ја одобрил исплатата на бонуси на состанок на почетокот од декември, известиле Handelsblat, повикувајќи се на упатени извори од компанијата.

Дел од претставниците на вработените гласале против исплатата, бидејќи сметале дека со тоа се прекршуваат условите под кои се добила државната помош, додава медиумот.

Портпаролот на Луфтханза за Ројтерс рекол дека не може да ги коментира разговорите во Надзорниот одбор.

Извори од германската влада го намалиле значењето на извештајот за бонусите, наведувајќи дека одборот на Луфтханза работел добро и дека државата имла полза од таа инвестиција.

Економскиот стабилизациски фонд на германската влада ја спасил Луфтхазна од банкрот во текот на пандемијата со пакет на помош од 9 милијарди евра.

Владата во септември оваа година ги продала сите акции во компанијата.

Портпаролот на Луфтханза за Handelsblat рекол дека парите нема да бидат исплатени до 2025 година, ако до тогаш биде се како што треба, што значи дека исплатите не се ретроактивни, туку се дел од долгорочниот бонус, додава британската агенција.

Извор: b92.net