ЕкономијаМакедонија

Фирмата „Милтекс-кал“ изработува заштитни маски за потребите на Делчево

Делчевска Фирма - Работник
217views

Во делчевската фирма „Милтекс-кал“, деновиве интензивно се шијат платнени заштитни маски за лице. Тие ќе бидат донирани за потребите на делчевската полиција, здравствените работници,вработените во царинската испостава Делчево, на пожарникарите, на сите ученици од основно и средно образование кои ќе бидат поделени преку нивните класни раководители и мобилни тимови формирани од општината, на децата од Дневниот центар, на Здружението на пензионери и на сите лица од социјално ранливите категории. Се изработуваат околу 6000 парчиња маски, од платно за повеќекратна употреба. Платното за изработка на маските го обезбеди Општина Делчево од беровската фирма „Алкалоид“, додека сопственикот на фирмата, Миле Иванов, доброволно и бесплатно ќе ги сошие маските, пишува Либертас.

Целосниот текст прочитајте го тука