МакедонијаСветот на работникотСиндикат

Фирмите кои ќе преземат административец ќе добијат субвенции од владата

Фирмите кои ќе преземат административец ќе добијат субвенции од владата - Работник
231views

Приватните компании ќе добиваат субвенции за плаќање на придонесите на работниците кои ќе ги преземат од администрацијата. Друга опција е да се преквалификуваат на државен трошок.

Министерот Манчевски вели дека оние работници кои најслабо работеле ќе бидат понудени на приватните компании. Но без конкретен одговор зошто една приватна компанија би сакала да вработи работник кој не ги извршувал задачите во администрација.

-Тие што нема да покажат резултати ќе добијат отказ? Не, тоа значи дека ќе треба да бидат поместени ако се на раководно место или да размислуваме за трансферот во приватниот сектор. Не може ништо да не се случува, а да чекаме нешто да се промени. Затоа во различни ситуации ќе има различни мерки, вели министерот за администрација Дамјан Манчевски.

На денешната јавна расправа за измените во Законот за вработени во јавниот сектор и Законот за административни службеници синдикатите посочија дека нивните барања не се вметнати во овие измени. Синдикатот на УПОЗ бара нови правила за унапредување и оценување на работниците, но и нов модел на пресметка на плати.

-Предлагаме еден сосема нов начин на пресметка на платите кој ќе биде и далеку подобар од досегашниот и ќе значи зголемување на платите не за 5 отсто, туку за нешто повеќе од тоа. Од страна на премиерот е прифатено барањето и веднаш реагираа од кабинетот. Меѓутоа двете министерства за финансии и за администрација се уште немаат одговор. Се надеваме дека ќе седнеме и ќе разговараме, вели претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Пецо Грујовски.

Меѓународните и Невладините организации веќе подолг период предупредуваат на нефукнционалноста и превработеноста во државната и јавната администрација. До крајот на годината треба да се спроведе конплетна реорганизација со која, според власта, ќе се стави ред.

Извор: Сител