ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Фирми не ги исплаќале вработените, а ја користеле финансиската поддршка од државата

Фирми не ги исплаќале вработените - Работник
370views

Работодавачи од Скопје, Тетово, Гостивар, Струга…, ја зеле финансиската поддршка од државата за исплата на плата на вработените, но не ја исплатиле на работниците. Ова го покажа анализата на Управата за јавни приходи, институција преку која се спроведуваше оваа мерка за поддршка од последиците од корона-кризата, а со цел да се задржат работните места.

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска денеска на прес-конференција ги соопшти податоците од реализацијата на мерката во април, мај и јуни, и апелираше до работодавачите кои ја добиле финансиската поддршка, а не ја исплатиле кон работниците тоа да го сторат пред јавно да бидат објавени.

-Апелирам до сите работодавачи што не ја испочитувале оваа законска одредба да го направат тоа кон своите вработени, бидејќи целта беше да се зачуваат работните места, а не парите да ги земат работодавачите. Да го направат тоа пред да бидат јавно објавени, истакна Лукаревска.

Таа појасни дека рокот за исплата е поминат, но сепак ова законско право треба да го остварат работниците.

Појасни дека доколку не се постапи и по овој апел, веќе се во координација со Државниот инспекторат за труд за да се преземат мерки согласно закон, кој предвидува присилна наплата, глоби и враќање на средствата назад.

Извор: Лидер